(ГАЛЕРИЈА) Русин создаде јахта како приградска куќа

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Рускиот дизајнер на јахти Максим Живов создаде нов проект за супер јахта, која наликува на скромен дом од предградието.75c145cabe737d77e3d1a0e04318a462

Предметната јахта ги нуди сите удобности, карактеристични за една мала куќа – вклучувајќи и зелена градина.

Концептот на овој мини брод е да ги задоволи потребите на луѓето кои сакаат да поминуваат подолго време во вода или директно да си живеат на бродот.

Јахтата-куќа ги има сите погодности на еден модерен дом. Таа однадвор личи на фасадата на вистинска куќа, со прозорци, балкон, тераса и градина.

Елегантниот дом на вода е создаден во концептот за заштита на околината – соларни панели обезбедуваат напојување на палубата.

Видете слики на јахтата во галеријата.