Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер имаат три убави куќи – една во Малибу, Калифорнија, летен дом во Кабо Сан Лукас, Мексико и вила во Канада.
Првите две сме ви ги покажале, а сега ви ја претставуваме третата која се вика “Gerber Point Lodge”.
Предметната колиба се наоѓа на езерото Мускока во Онтарио. Таму Синди и Ренди го поминуваат секое лето по неколку недели со децата Каја (13) и Присли (16).
Сопружниците ја имаат изградено својата летна вила пред седум години, на карпа од гранит и меѓу многу борови и грмушки со диви боровинки, па куќата речиси не се гледа од бујното зеленило.
50-годишниот супермодел и нејзиниот маж, кој е најдобар пријател на Џорџ Клуни , се вљубуваат во ова место пред тринаесет години кога нивни пријатели ги канат тука за една недела.
Бидејќи 53-годишниот Ренди го поминал детството крај Њу Хемпшир, тој имал носталгија кон риболовот и шумските ловечки колиби и го создал овој мал, но пријатен дом, слично на спомените од детството.
Видете слики на вилата во галеријата.