Џулијан Мур поседува голема вила во рустикален стил, која се наоѓа во селото Монтоук, Њујорк (најисточната точка на Лонг Ајленд).
Добитничката на “Оскар” одлучила да го продаде своето летувалиште за сума од 3,5 милиони долари.
Холивудската актерка е позната не само со својот талент во филмот, но и со тоа дека има непобитен вкус во однос на внатрешен дизајн.
Што се однесува до нејзината шармантна вила, таа е со површина од 100 квадратни метри и е вистинско олицетворение на рустикалниот шик со детали како ѕид од тули, камин, белосани дрвени ѕидови, веранда и др,
Според медиумите оваа куќа некогаш била сопственост на Енди Ворхол. Таа се наоѓа на брегот на езерото “Форт Понд”, каде Мур, нејзиниот маж и нивните деца поминуваат време во риболов, пливање и возење кајак. Вилата се наоѓа на кратко растојание од Атлантикот.
Видете фотографии на рустикалната вила на Џулијан во галеријата.