(ГАЛЕРИЈА) Серена Вилијамс одмора во луксузно одморалиште

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Серена Вилијамс не успеа да го освои опенот во Австралија минатиот месец, но затоа пак сега се размазува на заслужен одмор во Јамајка.

Тенисерката престојува во луксузна вила на првата линија, во близина на градот Очо Риос на северниот брег на карипскиот остров. Од кадрите се гледа дека таа носи костим за капење во патриотски дезен, и поконкретно во боите на американското знаме.

Според сајтот на одморалиштето, вилата во која престојува спортската ѕвезда, чини 20 илјади долари неделно.

Областа до пристанишниот град Очо Риос е познат по своите плажи со бел песок и бујна зеленило.

Зимскиот ресорт на кој се наоѓа Серена располага со базен со олимписки димензии, отворен бар, фитнес сала, соба за масажа, хелиодроми и природно – тенискорт.

34-годишната тенисерка се храни надвор, под сламен покрив, а вилата има свој готвач, кој подготвува вкусни тропски јадења.

Серена е носителка на 21 титула од Гренд слем . Неодамна таа изгради училиште во Јамајка, финансирано преку нејзината фондација.

Видете ги сликите на луксузноот одморалиште во галеријата.