Во светот постојат многу места кои се чини дека се натоварени со некоја повисока енергија.Токму таму човек може да ја почувствува духовноста и нејзината моќна сила.
Едно такво место е кинескиот град Сертар , кој се наоѓа на 600 километри од Ченгду. Во него се позиционира најголемото будистичко училиште во светот наречено „Ларунг Гар Будист Академи“.
Училиштето е основано во 1980 година , започнувајќи целосно од нула. Сега, 35 години подоцна, во него има над 40 000 монаси и монахињи , на кои не им е проблем да се справуваат секојдневно со тешки климатски услови, само за да учат будизам. Многу луѓе од Тибет го посетуваат Сертар за да се поклонат или пак да се обучуваат.
Странците кои се одлучиле да го посетат кинескиот град на монасите, велат дека како да се нашле во еден “надреален свет” .
Во средината на градот се наоѓа манастирот, кој е опкружен со стотици куќи. Сите тие се црвени, а голем дел од нив се изградени на високо – на ридови.
Во нашата галерија можете да ги разгледате фотографиите на Вонсон Лак, преку кои буквално имате шанса да се нурнете во еден друг, речиси волшебен свет. Овој на Сертар – градот на монасите.









