Луѓето често кога ќе се спомене Италија се насочени само кон познатите и импресивни градови како Рим, Милано, Венеција или пак Фиренца . Оваа прекрасна земја може да ви понуди и возбудливи авантури во природата . И не, не станува збор само за морски авантури.
Најголемата спротивност на плажа и брановите, е планината . Значи, ако сте фанови на планинските премини и прошетки меѓу свежина на дрвјата, Италија има со што да го привлече вашето внимание.
Доломитите, на пример, се познати по својата убавина. Тие претставуваат планински венец , кој се наоѓа во северниот дел на Италија , која е дел од Алпите и се протега врз териториите на неколку провинции.Транзицијата во Доломитите ќе ве воодушеви со прекрасни пејзажи кои го одземаат здивот .
Планинските врвови, од кои некои назабени, убави езера , прекрасна флора и фауна. За време на прошетка во регионот ќе можете да пробате и од вкусните локални специјалитети , кои сигурно ќе ви се допаднат.
Во тоа барем ве уверува фотографот Алес Кривеч чии фасцинантни фотографии од Доломитите може да ги видите во нашата галерија .