(ГАЛЕРИЈА) Шпанска пролет со Оскар де ла Рента

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Феноменалниот поглед на Питер Копинг на боите и инспирацијата од убавината на каранфилите беа откриените детали со целосната колекција за пролет-лето 2016 на Oscar de la Renta.0ae133dd73684e9e6bd65b97e557adff

Своевидно логично продолжување на линијата е специјалната рекламна кампања со која повторно ја поздравуваме со “Добредојде” Каролин Марфи.

Кадрите се снимени во Њујорк од професионалната леќа на Дејвид Симс , кој исто ја обележува долгогодишната работа со модната куќа.

Фотосесијата го нагласува елегантниот изглед на Марфи и нејзината префинетост се граничи со совршенството.

Шпанското влијание во колекцијата е нагласено со локација, на која е снимен проектот – музејот и библиотека “Hispanic Society of America”.

Новите предлози се карактеризираат со изобилство од цветни елементи и украси од чипка и карнери.

На позадината на шпанската архитектура, Каролин Марфи позира елегантно во драматични балски фустани, женски чипка и масивни, аристократски обетки со бројни апликација и сложени елементи.

Сите кадри од рекламната кампања можете да ги видите во нашата галерија.