Пејачката Сиара се омажи за спортистот Расел Вилсон на прекрасна церемонија во британски дворец. Меѓу гостите на младоженците беа ѕвездите Џенифер Хадсон, Каруче Тран и Кели Роуланд.
Свадбата се одржа во палатата Peckforton во Чешир, Велика Британија. Зашеметувачката невеста носеше секси чипкан фустан, создаден специјално за неа од страна на дизајнерот Roberto Cavalli. Зетот пак беше облечен од Giorgio Armani.
Сиара и Расел се заедно само 11 месеци, а се верија во март. Вилсон брани во тимот на “Сиетл Сихоукс”.
Овој дворец често се користи и како место за снимање на филмови и телевизиски емисии, вклучувајќи го “Doctor Who”, “Шерлок Холмс”, “Робин Худ” и др.
Според сајтот TMZ, двојката ги замолила гостите да не фотографираат со своите мобилни телефони, па да нема слики од прославата, објавени во социјалните медиуми.
Пред свадбата во средата R & B ѕвездата и Расел биле забележани да уживаат во Северна Англија и особено во знаменитостите на во Ливерпул.
Видете ги сликите на замокот во кој вљубените се венчаа во галеријата.