(ГАЛЕРИЈА) Сите удобности во само 14 квадратни метри

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Овој стилски стан е со минијатурна површина од 14 квадратни метри, што е повеќе карактеристично за големината на соба, голем шпајз или попростран плакар.be91d1fa842e9b37c2acf122477d80ff

Но, во случајот тоа е живеалиште опремено со апсолутно сè од што неговиот станар (видливо е маж) има потреба.

Неодамна градскиот начин на живот стана прилично скап за луѓето кои живеат под кирија, особено во поголемите и атрактивни престолнини.

Затоа просторите на куќите, небаре стануваат  минимални и ограничени. Добрата работа е дека дизајнерите на ентериерите стануваат инвентивни во однос на тоа како да се направи така што малите простории ќе се искористат што е можно попрактично и оптимално.

Предметниот стан од 14 квадрати, а располага со кујна, бања, гардероба со место за перење и кревет. Во него има дури и место за биро со стол и шест фиоки!

Погледнете ги фотографиите на тоа минијатурно живеалиште во галеријата.