Ова не е компјутерска монтажа, туку реални фотографии, направени во паркот Хитачи, Јапонија.

Градината се наоѓа на површина од 190 хектари и има најразлични видови цвеќиња кои цветаат во текот на целата година. Најпознати меѓу нив се немофилите, кои цветаат секоја пролет, посебно во април, создавајќи навистина волшебна глетка составена од 4,5 милиони вакви магични цветови.