Велат дека секоја возраст е убава, а што се однесува до модата – за неа нема возраст.
Следниот уникатен фотографски проект ќе ви го докаже тоа. Исто така ќе ве натера да доживеете многу и различни емоции. Од восхит, радосен восклик, до оние мисли за иднината и како ли би изгледале вие по многу години.
Фотографиите се дело на фотографот Ари Сет Коен, кој сака да патува по светот. Оваа негова страст му помага да сними толку различни и импресивни слики на мажи и жени кои ги надминале 60-те години.
Јужна Африка, Шведска, Италија и Австралија, убавина и беспрекорен стил. Сè уште не знаете како да комбинирате маица со апликација, сакате, но едвај би се осмелиле да носите очила со ретро рамки и сè уште немате модел во вашиот гардеробер, кој потсетува за висока мода и асиметрија.
Е, следните кадри во галеријата се за вас. Најубавото е дека фотографиите кои ќе ги видите се дел од проектот на Ари Коен, кој е собран во книга и може да се купи на интернет.