Кортни и Клое Кардашијан го покажаа својот дом во новиот број на списанието Architectural Digest.
Дветете реалити ѕвезди позираат за изданието во друштво на трите деца на Кортни – Мејсон, Пенелопе и Рајна.
Сестрите ги покажаа своите раскошни куќи, кои се наоѓаат во непосредна близина, во комплекс од затворен тип.
Кортни вели: “Нашите вкусови со Клое се многу специфични и целосно различни. Кога одиме да си купуваме мебел сепак не можеме да постигнеме консензус што е убаво, а што не. Сестра ми го сака модерниот стил, а мене ми се допаѓа поегзотични мебел и предмети. ”
Сестрите велат дека нивната мајка Крис Џенер влијаела доста на вкусовите.”Мајка ни отсекогаш имала визија за дизајнот на нашите куќи. Таа не научи да сакаме внатрешен дизајн. Ние станавме перфекционисти, токму заради воспитувањето.”
Двете дами живеат во соседството Калабасас, а Кортни ја купи куќата пред една година од познат фудбалер, а Клое ја зеде својата од Џастин Бибер.
Нивната полусестра Кајли Џенер исто живее во соседството заедно со нивната мајка Крис Џенер, а Ким Кардашијан и Кание Вест се преселени во дом во друг кварт на Лос Анџелес заедно со двете деца Норт и Сент.
Моделот Кендал Џенер пак неодамна купи стан во центарот на Ел Еј. Единствениот брат во кланот Кардашијан – Роб, живее заедно со Клое.
За да ги видите слики на куќите на Клое и Кортни, посетете ја галеријата.