Томи Хилфигер го објавил во продажба елегантниот пентхаус, кој се наоѓа во познатиот хотел “Плаза” во Њујорк.
Американскиот дизајнер сака речиси 70 милиони американски долари за модерниот свој имот.
Томи и неговата сопруга Дее Оклепо живеат во пентхаус од 2008 година.
Според весникот Wall Street Journal, богато декорираниот дом на семејството Хилфигер има четири спални, четири бањи, вртени скали, бар, тераса, библиотека и плакари, и е со вкупна површина од 560 квадратни метри.
Покрај тоа станот на дизајнерот нуди одлична глетка кон Петтата авенија и Централ Парк. Сопствениците на станови во хотел “Плаза” имаат целосен пристап до многу погодности, вклучувајќи чистење на домовите и 24-часовен рум сервис.
Видете фотографии од луксузниот стан во галеријата.