Иако во текот на 21 век науката и технологијата го достигна своето највисоко ниво, тоа не може да се каже и за односите меѓу луѓето . Всушност во денешниот свет човек во сѐ повеќе го губи човечкото во себе.
На пиедестал се издигнати материјалните придобивки, а духовните изгледаат како застоена вредност, која ако можеше, ќе требаше да биде изложена во историските музеи.
Проблемите на денешното општество се многу. Од уништувањето на природата и Земјата како целина, во свесното предизвикување воени конфликти, до осудување на милиони луѓе ширум светот на глад и смрт . Реалната комуникација меѓу луѓето, исто е во исчезнување, поместена од најновите и модерни ремек дела на технолошкиот бизнис.
И бидејќи зборовите често не стигнуваат за да се опише нешто целосно, понекогаш е подобро едноставно да се изрази. Со слика . Слика која кажува многу повеќе отколку што може да замислите.
Влезете во нашата галерија и погледнете ги фотографиите кои ја илустрираат бруталната реалност во која живееме.