(ГАЛЕРИЈА) Тело на неделата: Марта Хант

од Vladimir Zorba

Американката Марта Хант ќе биде втора година по ред една од ѕвездите на спектаклот на Victoria`s Secret и ќе ја видиме на подиумот во Шангај. Ангелот импресионира со својот облик и логично е нашиот нов избор за “Тело на неделата”.

Интересно е дека пред големи модни настапи менито ѝ се разликува од тоа на голем дел од нејзините колешки. Наместо гладувањеи вежбање таа се залага за повеќе јадење. Дури си јаде обилна вечера, што е во спротивност на сите совети на нутриционистите. Пред коментарите: во нејзината чинија присуствуваат претежно јадења богати со протеини.

За неа најважен е сонот и ако не спиела доволно секогаш е подготвена да ја пропушти посетата во салата.

Марта се поти во салата барем три пати неделно под будниот поглед на тренер. Нејзината омилена вежба е сквотови со тегови кои совршено го обликуваат долниот дел од телото.

Видете ја Марта Хант во нашата галерија.

Слични содржини