Обично сме навикнати да го гледаме јули месец како екот на летото, го поврзуваме со море, плажа и топли емоции.
Германското списание Vogue сепак нѐ изненадува, па ни го поместува погледот од клишеата и нè тера да сонуваме и да се потопиме како во некој друг свет, токму со своето нестандардно јулско издание.
На насловната ја гледаме Тони Гарн , која прави традициите и народните облеки да оживеат.
Познатиот фотограф Џампаоло Сгура и моделот нѐ одведуваат на едно магично и силно извонредно патување кон минатото.
Облеката со која Тони се истакнува, е од најновите колекции на светски брендови како Chanel, Dries Van Noten, Hermes, Dsquared2 и други.
За да ја видите фотосесијата, едноставно посетете ја галеријата.