(ГАЛЕРИЈА) Уметноста на јогата и голите тела

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Обично голотијата се поврзува со еротиката, но не и кога таа е донесена на елегантен и фасцинантен начин.f45eb888db7a8fa6babd5e84a25c7e04

Една 25-годишна жена од Њујорк докажува дека голите фотографии можат да бидат вистински уметнички дела, особено кога женското тело е “оформено” со помош на софистицирани пози од јогата.

Нејзиниот идентитет не се открива, но пак профилот нејзино на Инстаграм веќе има над 90 000 следбеници.

Во него е прикажана серија од голи црно-бели фотографии, кои сепак не можат да бидат цензурирани од строгите правила на социјалната мрежа.

Интимните делови на анонимната жена остануваат прикриени поради специјалните пози, употребата на сенки и фотошоп.

Сите кадри се снимени во домот на Американката која практикува јога, а фотограф е нејзиниот партнер.

Фото: Nude Yoga / Instagram

Целта им е да бидат атрактивни на примарно ниво, а да ги инспирираат луѓето да водат поздрав и посреќен живот.

“Мојот најголем проблем во минатото беше што ги гледав недостатоците на телото цело време, а тоа прави невозможно да се сакам целосно”,изјави 25-годишниот фан на здравиот начин на живот.

Фото: Nude Yoga / Instagram

“Јогата ми помогна да го прифатам своето тело токму такво какво што е. Со мојот профил сакам да ги инспирирам луѓето да сфатат дека секој е многу убав и способен да прави неверојатни работи со своето тело”, додава таа.

Влезете во нашата галерија и проверете уште некоја од убавите и минималистички фотографии во кои голотијата не е еротика, а уметност.