(ГАЛЕРИЈА) Викторија Бекам со колекција пролет-лето 2016

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Колекција која олицетворува слободен дух, магија на цветни мотиви и раздвижување на линии. Ова им го нуди шармантната Викторија Бекам на дамите за пролет-лето 2016 година. Моделите од колекцијата нè канат да ја откриеме инспирацијата наречена мода и да погледнеме на сето крај нас безгрижно.373a80c04e923d010820c84c80715b1f

Кои се главните акценти, на кои Бекам обрнува внимание?
Да почнеме од линиите на фустани. Класичен со должина околу глуждот, над и околу коленото, без ракави или со три четврти, асиметрични линии. Дозволете си да имате во вашиот плакар барем три различни модели фустани за претстојните сезони.

Колекцијата на Викторија е исклучително шарена. Има смели комбинации од светли летни бои, меѓу кои црвена, сина, јакорозово, жолта, графички отпечатоци, цветни мотиви и геометриски фигури. Остава впечаток и комбинирањето на материјали како памук и фин велур при блуза.f1a83757b652d381f9e47182997d7f0b

Чевлите се удобни, на рамна платформа или спортски.
Друг главен акцент е обемот во моделите. Покрај раздвижувањето и удобноста  за носење, тие имаат таков обем кој ги прави уште поинтересни и почитувани.

Кај моделите на здолништа и панталони исто така се гледа една многу слојност од фини материјали, асиметрични линии и модели кои покажуваат слобода на движењето.eaaa2654602ecd5601a35b3f954484bd

Бекам задржала место во колекцијата и за чипкани декорации, комбинирањето на десет како цвеќиња со карирани примери. Високата половината е задолжителна. Видете уште летни предлози во галеријата со слики.