(ГАЛЕРИЈА) Вилата на еден моден магнат во Родос

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Дизајнерот магнат Џаспер Конран ги отвори вратите на грчката вила на островот Родос, која своевремено била сопственост на морски капетан и наликува на тврдина на осаменоста.e81f9d264a2dc69848a8c87ec4f27f09

Куќата се наоѓа на источниот брег на Родос , во близина на пристаништето на село Линдос, на еден залив во Егејското Море. Од прозорецот на вилата се гледаат марина и плажа.

“Гледав и куќи на Капри, Мајорка и Ибица , но запрев на оваа”, вели британскиот дизајнер, кој се здобива со Волшебен имот пред две години. Тој доаѓа тука секое лето со партнерот – ирскиот уметник Ојзин Брн.

“Се будам секое утро од мирисот на јасмин.Сè што токму овде е толку тивко, со исклучок на птиците и бучавата од морето. Ова место е магија “, дополнува Конран пред списание WSJ.

Вилата, која е со архитектура во отомански стил, се состои од две куќи, соединети во 1960-та, но инаку едната е изградена во 16 век, а другата во 18-ти.

55-годишниот Џаспер е претседател на модната империја Conran Holdings и главен креативен директор на Conran Shop.

Неговите компании се занимаваат со трговија на мало, архитектура, дизајн и лиценцирање на оружје.

Видете фотографии од куќата на дизајнерот во галеријата.