Меѓународната граница на Канада и САД е најдолгата во светот – 8 851 километри долж од Алјаска до Мејн на исток. За разлика од јужната граница на САД со Мексико, каде патролираат 18 илјади гранични полицајци, на север има само околу 2 илјади.
На јужната граница Американците се чуваат најмногу од емигранти од Латинска Америка, но досега тие го запоставуваат обезбедувањето на северната граница. Дури таму голем дел од патот е без асфалт, бидејќи се користи исклучително ретко.
Граничниот премин меѓу САД и Канада, Вилоу Крик кој се наоѓа во планините на Монтана, во близина на градот Авр, неодамна го привлече вниманието кон себе.
Американските гранични службеници се исклучително загрижени од фактот дека канадските власти се одлучиле да населат тука 25 илјади сириски бегалци, но од страната на канадската територија во провинцијата Алберт.
Тие сепак многу лесно можат да се префрлат на територијата на САД, бидејќи нема што да ги запре, освен некој елен или друго диво животно.
Овој регион е слабо населен, а тука живеат главно земјоделци кои се на неколку милји оддалеченост едни од други. Граничните полицајци се вистинска реткост, а оградата со бодликава жица е разбиена со години.
Погледнете фотографии од овој дел во галеријата.