Двократниот олимписки златeн медалоносец Линдзи Вон неодамна купи супер елегантна куќа за сума од 3,5 милиони долари.
Американската скијачка, која неодамна се раздели со голферот Тајгер Вудс, се здоби со имот во престижниот кварт на Лос Анџелес – Холивуд Хилс.
Луксузниот дом на Атлетик русокосата е со површина од 418 квадратни метри и располага со четири спални, пет бањи, кујна во италијански современ стил, голема дневна со камин, пространи плакари и двор со инфинити базен и веранда.
Вон, која во моментов се опоравува од повредата на коленото, изјави неодамна во едно интервју дека не жали за својата врска со Тајгер, и покрај гласините дека тој редовно ја изневерувал.
“Поминав три прекрасни години со него. Тоа беше доста поучно искуство за мене. Со секоја врска, човек може да научи што сака и што не сака да открива во својот партнер. “
Линдзи не е многу искусма во љубовта. Таа се разведе со сопругот Томас Вон во јануари 2013 година, а веднаш потоа почна да излегува со Вудс. “Томас навистина беше мојот прв дечко, па немам многу искуство во врските”, призна таа.
Таа се омажи за Вон, кога беше едвај 22 години. Неодамна Линдзи откри дека планира да се врати кон трките дури за Зимските олимписки игри во Јужна Кореја во 2018 година.
Видете слики од куќата на Линдзи во галеријата.