(ГАЛЕРИЈА) Во домот на директорката на модната куќа Фенди

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Ви го претставуваме луксузниот, снежен дом на извршната директорка на италијанската модна куќа Fendi – Карла Фенди.a5eb2a41b7d53173ee93f420efb476dc

Марката е основана во 1925 година во Рим, а станува позната по своите ликовни творби од кожи и кожени додатоци. Од 2001 година Fendi станува мултинационален луксузен моден бренд и член на групата LVMH.

Резиденцијата на госпоѓа Фенди се наоѓа во Рим или попрецизно во барокна зграда, изградена во 16-тиот век. Убавото живеалиште на модната кралица и нејзиниот сопруг – Кандидо Сперони, е лоцирано во близина на седиштето на брендот Fendi што е на булеварот “Виа делла Фонтаната ди Боргезе” и поконкретно во палатата “Русполи”.

Во овој регион живееле некои од најстарите родови на римската аристократија. Што се однесува до Карла, таа е познавач на модерната уметност и сакала да го претвори мрачниот стан со високи тавани во свежо, светло и атмосферско живеалиште со повеќе симетрија.

Токму затоа таа се обложила на белата боја во внатрешноста, која е идеална позадина за нејзината богата колекција на уметнички предмети.

Видете фотографии од живеалиштето на госпоѓа Фенди во галеријата.