Џастин Бибер веќе повеќе од една година живее во куќа за изнајмување, за која плаќа по 80 илјади долари месечно. Не дека не може да си купи свој имот, но можеби преферира додека е млад да има слобода да се сели почесто.
Имотот во кој Бибер неодамна живее, се наоѓа на езерото “Толука Лејк” во Лос Анџелес (Северен Холивуд).
Поп ѕвездата си има свој кеј и чамец. Луксузната куќа има 10 спални, сала за игри, фитнес сала, 16 бањи и базен, пишува сајтот TMZ.
22-годишниот Џастин живее во запрепастувачка и во исто време доста пријатна куќа секогаш кога е на одмор од својата светска турнеја, а чести гости тука се неговиот татко Џереми и помалиот брат Џексон.
Видете слики на куќата во која Џастин живее во последно време во галеријата.
Фото: dailymail.co.uk