Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон-Вајтли се здобија минатата година со модерна куќа во Беверли Хилс , која чини 13 милиони американски долари.
Британскиот пар кој се вери на Божиќ, веќе неколку години живее во Лос Анџелес поради актерската кариера на Џејсон.
Во летото 2015-та двајцата го купија овој имот, кој може да се пофали со престижниот ZIP код 90210.
Куќата е со површина од 700 квадратни метри, има осум спални, базен и ентериер, во кој доминира дрвото.
Пред да се здобијат со овој дом Роузи и Џејсон живееја во соседството на Ел Еј “Холивуд Хилс”, во поранешниот дом на комичарот Бен Стилер и неговата жена Кристин Тејлор кои му ја продадоа куќата на Стејтам во 2011-та.
Убавицата Роузи и Џејсон се заедно од 2010-та.
Видете слики на домот на убава двојка во галеријата.
Фото: gettyimages.com