(ГАЛЕРИЈА) Во домот на креаторот на Snapchat Иван Шпигел

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Извршниот директор на Snapchat Иван Шпигел доби нов имот во Лос Анџелес, што според гласините ќе биде негов прв семеен дом со неговата сакана Миранда Кер.d3e60160c10a50bbbd125aeb53fd4c0b

Иван и австралискиот супермодел се заедно  година и пол и веќе ја разговарале можноста да создадат семејство.

Шпигел го купил имотот во Брентууд за сума од 12 милиони американски долари, што е ништо во споредба со неговата состојба, што се проценува на 2 милијарди долари.

33-годишната Миранда купи на крајот на 2014-та имот во Ел Еј за 3,3 милиони долари, кој беше првото нејзино самостојно живеалиште по разводот со Орландо Блум.

Очигледно сепак, таа е подготвена да се пресели во престижен регион заедно со 26-годишниот Иван, кој се смета за најмладиот милијардер во светот.

Новата куќа на можниот иден сопруг на Кер располага со станбена површина од 700 квадратни метри, со уникатен поглед на градот, со базен и домашен фитнес, со седум спални и осум бањи, како и со куќа за гости.

Куќата била сопственост на холивудскиот актер Харисон Форд до 2012-та, кога тој ја продава.

Видете ги сликите на домот на Миранда во галеријата.