(ГАЛЕРИЈА) Во домот на Кристина Агилера

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Пред три години Кристина Агилера купи нов имот во Беверли Хилс, Калифорнија за сума од 10 милиони американски долари.368272dc664e20766e7f7de84baf99d6

Куќата е во медитерански стил и се наоѓа во комплексот од затворен тип “Mulholland Estates”, каде што живеат и други познати личности како Чарли Шин и Парис Хилтон.

Во својата нова фотосесија за списанието Women’s Health, Кристина позира пред базенот во градината, покажувајќи јога пози. Идејата на ѕвездата е да покаже дека ја вратила формата по раѓањето на својата ќерка Самер пред година и половина.

Во интервјуто за весникот, Агилера, која е мајка на две деца, зборува најмногу за тоа дека општеството ги подложува жените на огромен притисок, преку очекувањата тие да бидат истовремено добри мајки, да се успешни во својата професија, да се добри домаќини и сопруги и згора на тоа- секогаш да изгледаат неверојатно и да се секси.

Поп-ѕвездата наскоро ќе издаде нов албум, за кој вели: “Работам на овој албум во последните неколку години, го правам бавно. Не сакам тој да е набрзина смислен. Влегов во овој проект многу сериозно и сум супер, супер возбудена од неговата претстојна премиера. ”

За да видите како изгледа домот на Кристина, посетете ja галеријата.

Фото: womenshealthmag.com