(ГАЛЕРИЈА) Во домот на неподносливото дете на панкот -Џони Ротeн од Секс Пистолс

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Фронтменот на групата Sex Pistols Џони Ротeн решил да го пушти за изнајмување својот стан во Лондон.6ac775b1a4141d67db9574b381e0d3b0

Живеалиштето на музичарот, чие вистинско име е Џон Лајдл, е прилично стилски за вистински идол на движењето панкот од 70-тите. Тоа е поделено на три нивоа и се наоѓа во стара зграда од 1918 година во соседството Челзи.

На првиот кат на пентхаус се наоѓаат стилски дневна со камин, големата трпезарија со кујна и бар површина.

На второто ниво се наоѓаат трите спални и две пространи бањи, а од третото ниво се излегува на огромна тераса на покривот, на која има доволно простор човек да се забавува како вистинска рок ѕвезда.

60-годишниот Џони беше познат како неподносливо дете на панкот – синоним за антисоцијално однесување.

Во последните години Англичанецот живее главно во САД, како има станови во Лос Анџелес и Њујорк.

Видете ги сликите на станот во галеријата.