Шарлиз Терон одлучила да го продаде стилскиот стан во Лос Анџелес и тоа со еден милион долари загуба.
Холивудската ѕвезда го стекна пентхаусот во 2007 година за сума од 2,7 милиони, а сега таа е подготвена да се раздели со живеалиштето за само 1,7 милиони долари.
Предметниот стан е на две нивоа и се наоѓа во мансарда на станбени згради Capitol Records во Холивуд.
Станот на добитничката на “Оскар”поседува три тераси, од кои се открива прекрасен поглед кон градот, но за сметка на тоа има само една спална.
Во последните години, откако стана мајка, екс-свршеницата на Шон Пен преферира да живее во другиот калифорниски имот, имено во куќа на плажа во Малибу.
Видете слики на пентхаусот на Терон во галеријата!