“Не гледам од 12-годишен, но тоа ограничување не ме спречи да се радувам на својот дом и да го делам со моите три деца и Вероника”, раскажува 57-годишниот тенор Андреа Бочели.
Петмината живеат во прекрасна трикатна вила, чија фасада е обоена во бледо окер.
Куќата се наоѓа на неколку чекори од брегот на Јадранското Море. Се меша мирис на сол со оној кој доаѓа од боровите во околината, а тоа е мотивот кој го разведрува познатиот тенор. Базенот во дворот е омилено место за целото семејство.
Излегува дека историјата на Ла Долче Вила, на македонски “слатка вила”, е преинтересна.Зградата е изградена во 1930 година и била наменета за личност од политичкиот свет. Димензиите ѝ биле многу помали. Подоцна, по Втората светска војна, се направени доградувања и проширувања, за да се користи како хотел до 1990 година.
Кога Бочели ја купува во 2003 година, зградата е трансформирана во сегашната форма. Тоа се случува со помош на неговиот брат Алберто, кој освен што се грижи за семејната винарија е и архитект.
Скоро една година братот на Бочели се занимава со реставрацијата и реновирање на “Слатката вила”, за да може да биде достојна и удобна за живеење. А втората сопруга на Бочели, Вероника Берти, го избрала сиот мебел во класичен стил. На општ план Ла Долче вила е елегантна, непретенциозна и полна со живот.
“Исто како што се чувствувам јас”, раскажува Бочели.
На првиот кат се сите секојдневни соби, кујна и трпезарија. На вториот кат се наоѓаат различни соби и кабинетот на Бочели. Последниот кат е само со спални, каде гостите можат да уживаат во прекрасниот поглед кон морето. Таму се и личните предмети на тенорот.
Внатрешноста го почитува изборот на жителите во него – природни материјали, имено мермер, со дрво. Поголемиот дел од мебелот од масивно дрво, а прозорците целосно.
Андреа Бочели признава дека сè уште ја чувствува детската потреба да презема ризици. Претходно сакал да скија, но денес за тоа е претпазлив. Во текот на летото се радува на сонцето. Во тоа време на годината тенорот поминува многу време во неговиот брод, слушајќи го шумот на морето.
“Пловењето ми дава вистински контакт со природата, го сакам чувството за слобода”, тврди тој. Во другите сезони се врти кон другото хоби – да јава коњи.