(ГАЛЕРИЈА) Во идиличниот дом на Миранда Кер

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Австралискиот супермодел и бизнисменка Миранда Кер ги отвори вратите на бојата вила во Малибу, специјално за списанието Vogue Living.21c27f6e874778f420668bfa9fc68d0a

Тука убавата бринета живее заедно со својот мал 4-годишен син Флин, а таа ја  купи куќата пред околу две години, малку по разводот со актерот Орландо Блум.

Пред да се пресели на југ, Кер живееше речиси десет години во Њујорк или попрецизно во Менхетен, каде ја градеше својата кариера на модел.

За оваа голема промена, таа вели: “Го сакам Њујорк многу, но чувствувам дека Флин има потреба од отворен простор за игри. Науро тој сака да се шета во градината и да проверува дали јагодите ни пораснале, сака да вози велосипед, да плива во базенот или да скока на брановите. Тоа не е карактеристично за начинот на живот во Њујорк. ”

Прекрасната калифорниска куќа на Миранда нуди неверојатен поглед на Тихиот Океан. Нејзиниот ентериер е толку светол и пријатен што создава едно чувство на просторност, спокојство и слобода.

Во голема мера оваа куќа личи многу на родниот дом на Миранда во Австралија – тој има голема веранда, многу отворени простори, а сè во внатрешноста е направено од природни, еколошки материјали.

Погледнете во галеријата фотографии од домот на убавицата.