Ќерката на Бил и Хилари Клинтон – Челзи, живее во вистински луксуз за 10 милиони долари.
Станот во Њујорк на богатата наследничка се наоѓа на “Медисон авенијата” во зградата во која живее и Иванка Трамп.
Всушност предметната станбена зграда е изградена во 1924 година од страна на производителот на луксузен текстил Кларенс Б. Витман и се води како историски споменик .
Раскошното живеалиште на 36-годишната Челзи, која во моментов очекува второ дете од својот сопруг Марк Мезвински, е со површина од 500 квадратни метри.
Во елегантниот стан на ќерката на екс претседателот на САД (Бил) и евентуалниот иден претседател – Хилари има четири спални, шест бањи, канцеларија и огромна тераса со незаборавен поглед кон центарот на Менхетен.
Челзи и Марк се здобија со ќерка – Шарлот пред две години.
Видете слики од имотот во галеријата.