Неодамна комичната актерка Тина Феј доби нов стан во Њујорк за сума од 3,4 милиони долари, кој се наоѓа веднаш над нејзиното досегашно живеалиште.
Ѕвездата од серијата “Рокфелер плаза 30” и нејзиниот сопруг Џеф Ричмонд живеат седум години во соседството на Големото јаболко – Горен Вест Сајд, и очигледно решиле да се прошират, но без да ја остават зградата.
Новиот имот на Феј располага со четири спални, приватен лифт и дневна со две камини кои се идеални за студените вечери во Њујорк.
Станот може да се пофали со многу природна сончева светлина, бидејќи има 22 прозореца.
Пред тоа станот бил сопственост на пејачот Хари Белафонте.
Видете слики на живеалиштето на Тина во галеријата.
