(ГАЛЕРИЈА) Во прекрасната летна вила на Мајкл Корс

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Американскиот моден дизајнер Мајкл Корс ги отвори вратите на својата прекрасна, летна вила во Лонг Ајленд.d54e7bfffa491c5f66ab87bde2db08e2

Тој го направи специјално за октомврискиот број на списанието Vogue и за објективот на врвниот фотограф Марио Тестино.

Како што се гледа од кадрите, куќата му носи беспрекорен стил на неговиот сопственик.Таа е елегантна, пространа и е решена во меки, пастелни тонови.

Култниот дизајнер го опремил летниот дом со различни видови мебел, сувенири и предмети, собирани со години од неговите патувања низ светот.

Куќата на Источниот брег е изградена буквално на плажа и од неа се открива чудесниот поглед на Атлантскиот Океан. И ентериерот, и екстериерот на вилата укажуваат на атмосфера, идеална за еден совршена одмор.

Видете ги фотографиите од вилата на дизајнерот во Лонг Ајленд во галеријата.