(ГАЛЕРИЈА) Во уникатниот дом на креаторот на Minecraft

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Основачот на шведската видео игра Minecraft – Маркус Алексеј Персон живее во единствен замок, оценет на вредност од 70 милиони американски долари.315919a97f00dcb5815f1488feee17d1

Куќата на програмерот-милијардер се наоѓа во најпрестижниот кварт на Лос Анџелес – Беверли Хилс.

Според медиумите Маркус се заљубил во објектот најмногу поради неговиот елегантен современ дизајн и спектакуларен панорамски поглед на центарот на Ел Еј и кон Пацификот.

Куќата на Персон, чиј прекар е “Нотч”, располага со гаража за 16 автомобили, фитнес сала и џиновски инфинити базен.

Состојбата на 36-годишниот програмер, роден во Стокхолм, се проценува на 1,5 милијарди долари. Маркус нема семејство и деца, и е познат како осаменик.

Видете ги сликите на уникатниот имот во галеријата.

Маркус Персон; Фото: dailymail.co.uk