Dolce & Gabbana сигурно ги шокираа модните критичари по појавата на калуѓерки и свештеник како дел од моделите во новата рекламна кампања за пролет-лето 2016 година.
Треба да се напомене дека меѓународната култура отсекогаш била незаменлив дел од колекциите на модната куќа.
Токму кога Кина и Шпанија најдоа место како инспирација во линиите на брендот, Доменико Долче и Стефано Габана свртијапоглед нее каде било, туку кон Блискиот Исток.
Специјално развиената колекција Abaya го меша италијанското мајсторство на изработка и култниот ракопис на дизајнерското дуо со чипка.
Во исто време, изгледите се современи и го одразуваат духот на женската колекција за пролет-лето 2016.
Софистицираните детали на колекцијата Abaya не испирација само за дизајните од Dolce & Gabbana – го гледаме влијанието врз модната писта и на последните линии на Valentino.
Без разлика дали е маркетиншки трик за пребарување на клиенти и потенцијални купувачи од Блискиот Исток или едноставно проширување на една веќе доволно моќна модна куќа, секогаш фасцинантно да се види имплементирање на култните знаци на дизајнерските линии со локалните и различни култури.
Целосната колекција можете да ја видите во нашата галерија.