(ГАЛЕРИЈА) Вупи Голдберг го продаде својот дом во Калифорнија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Вупи Голдберг е уште една ѕвезда која се раздели со својот имот, во кој беше населена во текот на долги години.b361a70e8f9570ab85126f6d73b22fa5

Идиличниот Викторијански дом на актерката беше продаден за 2 милиони долари само 10 дена откако огласот се појави на пазарот.

Куќата се наоѓа во Беркли, Калифорнија и има главна куќа со три спални, самостојна вила и внатрешен двор со дрвја од двете страни.

И иако имотот може да изгледа малку старомоден (создаден е во 1980 година), тој може да се пофали со многу функции, како на пример достапни пет гаражи.

Затоа не е изненадување дека Вупи успева да го продаде својот дом со 750 000 долари повеќе (од оригиналната цена) само по недела.

59-годишната ѕвезда купува имотот во далечната 1985-та година за само 335 000 долари, пишува Yahoo! Homes.

Актерката решава да се раздели со својот дом, откако во мај умира братот, со кого таа живее таму во сите овие години.

Посетете ја галеријата и разгледајте го веќе поранешниот дом на Вупи Голдберг во Калифорнија.