(ГАЛЕРИЈА) За продажба: Куќата на Калвин Харис во Ел Еј

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Диџејот Калвин Харис го објавил во продажба својот модерен дом во Лос Анџелес за цена од 10 милиони американски долари.130fd871d889cd254abe406e7acd5121

Куќата на славниот Шкотланѓанец, кој веќе една година излегува со поп-ѕвездата Тејлор Свифт, е изградена во далечната 1953 година, но е реновирана неколку пати.

Таа е со површина од 412 квадратни метри и се наоѓа во соседството Вест Холивуд, во комплекс од затворен тип.

Луксузната палата на диџејот располага со четири спални, затворено кино, спа центар со сауна и парна бања, инфинити базен, двор со убаво уредување, надворешна кујна со камин и белведер со дивани.

31-годишниот Калвин го купи имотот пред три години за сума од 7 милиони долари. Веста за предметната продажба доаѓа на само неколку дена откако се појави информацијата дека Харис и Свифт веќе живеат заедно во нејзината куќа и дека дури размислуваат свршувачка и заедничка иднина.

Видете фотографии на американската палата на шкотскиот диџеј во галеријата.