Тешко дека има туристичка агенција која би ви предложила екскурзија до островот, преполн со над 4000 од најсмртоносните змии во светот. И тоа не е сè! Истите овие змии, кои го населуваат, се хранат со птици, а отровот буквално може да го “стопи” човечкиот организам.
Ви го претставуваме Змискиот остров, кој се наоѓа на растојание 32 километри од брегот на Бразил и особено од оние на Сао Паоло.
Илја де Кејмада Гранде, кој уште се нарекува злобниот остров, е единственото место каде што се среќава златниот вајпер познат како најопасната змија во светот.
Посетата на Змискиот остров го загрозува животот, па затоа пред некое време бразилската влада го забранува. Во минатото различни луѓе имале луда желба да се прошетаат низ островот, што и било причина за нивната смрт.
Всушност пристап до Илја де Кеймада Гранде имаат само неколку научници кои секоја година истражуваат змии таму. Морнарицата на Бразил, исто така може да го посетува најопасното место за одржување на светилникот на островот, изграден во 1909 година.
Смртоносната слава која златниот вајпер ја има, донекаде е обвиткана во мистерија. Се смета дека пред 11 000 години нивото на морското ниво се зголемило и го разделило Змискиот остров од останатата територија. Од оваа причина змиите кои живеат таму, останале со ограничени извори на храна и почнале да се хранат со мигрирачки птици.
Проблемот бил дека отровот на змиите ги убивал птиците, но понекогаш дури по неколку дена. За овој период “жртвите” можеле да се преселат на друго место и на крајот змиите да останат гладни. Се смета дека тоа е причината поради која змиите со најопасен остров развиле исклучително смртоносен отров.

Фото: Dream of Brasil
Отровот на златниот вајпер е пет пати посилен од другите, убива плен речиси моментално, па дури и може да “стопи” човечката кожа. Во последните 15 години бројот на змии се намалува значително, поради исчезнувањето на дел од вегетацијата и поради болести.
Интересен факт е дека во Македонија исто така си имаме свој Змиски остров.
А сега посетете ја нашата галерија и проверете го најопасниот остров во светот – Змискиот остров во Бразил.