Виетнам е едно волшебно катче во Југоисточна Азија, што импресионира со својата природа, култура и знаменитости. Неслучајно годишно земјата се посетува од повеќе од четири милиони туристи.
Не сите туристи сепак поминуваат во Виетнам вообичаено време од 10-14 дена, уживајќи во најпопуларните места во државата.
Во 2013 година францускиот фотограф Réhahn го започнал своето патување и истражување на земјата, “вооружен” со камера.
Неговата цел била да ја документира културната и природна разновидност на Виетнам. Мотивацијата на фотографот била да му покаже на светот дека тоа е земја која крие многу вредности, кои заслужуваат да бидат видени.
Подоцна Réhahn извадил селекција од најдобрите фотографии во книгата “Виетнам – Мозаикот на контрастите”.
Две години подоцна фотографот сè уште ги проучува оддалечените краеви на азиската страна, заробен од нејзините неспоредливи пејзажи и односот на локалните луѓе кон нивната животна средина. Од оваа причина тој издава втора книга, посветена на Виетнам.
Истражувете дел од фотографиите во неа во нашата галерија и видете зошто вреди да ја посетите оваа прекрасна азиска земја.
Фото: rehahnphotographer.com