(ГАЛЕРИЈА)Агент Провокатор и Шарлот Олимпија работат заедно за фаталната жена

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Кога станува збор за сексапилни додатоци, Charlotte Olympia сигурно ги водат листите за креативност.c7aaa7a81090ec8c8939eb65b276c863

Од друга страна, провокацијата во долна облека е култен ракопис на Agent Provocateur – секоја сезона брендот претставува смели рекламни кампањи во кои дури учествуваше и Наоми Кембел.

Двете марки ги здружуваат своите напори во создавањето на првата колекција на долна облека за Charlotte Olympia.

Создавачката Шарлот работела и претходно со британската марка, а резултатот беа два модели чевли за соработката во 2012.

Новата капсулна линија се состои од три сета облека и три пара чевли, сите рефлектирачки на ерата на холивудскиот сјај – инспирација што е утврдена од создавањето и на двете марки.

“За мене беше задоволство да создадам прва колекција долна облека со Сара; и двете сакавме да направиме убава и одржлива колекција во времето, која ќе ги поддржува карактеристичните белези во дизајнот на двете марки. За чевлите беше важно моделите да можат да се носат како во спалната, така и надвор од неа “, изјави Шарлот.

Сите производи од капсулната колекција можете да ги видите во нашата галерија.