Галичник и понатаму отсечен, патот останува сè уште е непрооден

од Milan1
56 прегледи

Галичник останува отсечени четврта недела. Во текот на минатава недела Македонија пат направи неуспешен обид да го исчисти патот кон Галичник.

„Тројцата постојани жители на Галичник остануваат отсечени четврта недела по ред и апелираме за што побрза достапност до Галичник. Проблемот со електричната енергија и уличното осветлување во меѓувреме е решен, но патот Маврово-Галичник сè уште е непрооден. Сакаме да повториме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден. Во Галичник има 230 куќи, а дел од нивните сопственици за новогодишните празници планираат да ги поминат во Галичник“, велат од МЗ Галичник.

Проодноста на патот Маврово – Галичник е од особено значење и за енергентската инфраструктура на Македонија.

„Потсетуваме дека покрај патот поминува и стратешки 110 киловолтен далновод Шпиље – Вруток чиј евентуален дефект ќе предизвика прекин во снабдувањето со струја на пола теријаторија од западна Македонија“, велат од месната заедница.

Слични содржини