„Галуп“: Негативната перцепција за Путин во Македонија е 61 отсто

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Според глобалното истражување на „Галуп“ 61 отсто од граѓаните на Македонија имаат негативна перцепција за Владимир Путин и руското раководство. Тоа може да изгледа и неочекувано, затоа што во македонската јавност подолго време се тврди дека симпатиите за Путин и руската инвазија на Украина се големи. Недовербата кон руското лидерство и Путин во Македонија од 2021 до 2022 година се зголемила за огромни 31 процентни поени.

Од соседите, најмала негативна перцепција за Путин има во Србија, 24 отсто и во Бугарија 43 отсто. Под половината од скалата е уште Црна Гора, со 49 проценти негативен однос. Во Босна и Херцеговина е 68, во Албанија, 80, во Хрватска 82, во Словенија 88, а во Грција 69 отсто. Во Унгарија таа бројка е помала – 60 проценти од населението гледаат негативно на Путин, без оглед на тоа што тамошната влада сака да ги одржи добри односите со Москва.

Најголема недоверба во Путин има во скандинавските земји и Полска – над 90 отсто, како и во САД, Британија и Канда. Во Германија таа изнесува 88 отсто.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини