Украина има доволно енергија за претстојната зима, но очекуваното зголемување на бројот на руски напади може да го наруши снабдувањето поради оштетување на енергетската инфраструктура, изјави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.
Галушченко синоќа за украинската државна телевизија изјави дека е неизвесно колку руските напади ќе го нарушат снабдувањето со енергија во текот на зимата.
Галушченко рече дека Украина очекува Русија да продолжи со масовните ракетни и беспилотни напади врз енергетската инфраструктура кога температурите ќе паднат под нулата, пренесе Ројтерс.
Русија ја нападна украинската инфраструктура 60 пати во последните неколку недели, соопшти во средата Киев.
Минатата зима Русија истрела илјадници проектили врз енергетската инфраструктура на Украина, што доведе до чести прекини на струја.
Украина до сега имаше невообичаено топло време оваа есен, а во текот на следната недела се очекуваат температури под нулата во Киев и други места.