Ганц: Ситуацијата на северната граница на Израел со Либан мора да се промени

од Radmila Tasevska
204 прегледи

Израелскиот министер Бени Ганц денеска изјави дека ситуацијата на северната граница на Израел со Либан мора да се промени.

Ганц оцени дека времето за дипломатско решение истекува.

-Доколку светот и либанската влада не дејствуваат за да спречат оган врз жителите на северен Израел и да го држат Хезболах подалеку од границата, тоа ќе го направат израелските одбранбени сили, рече тој.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, претходно денеска изјави дека војската на земјата е „во состојба на готовност“ поради нападот на милитантната група Хезболах од јужен Либан.

Десетици илјади жители на северен Израел се евакуирани од нивните заедници, како резултат на секојдневните ракетни и беспилотни напади на Хезболах врз регионот.

Слични содржини