Гарчевиќ: Во актуелната ситуација во Унијата, блокадата на која одеднаш инсистира Софија им одговара на оние кои не сакаат проширување во догледна иднина

372 прегледи

Надежта за евроинтеграциите на С.Македонија се уште постои, по повикот на германскиот државен министер, Михаел Рот за старт на преговорите што се однесува до Скопје и Тирана.

Имено, според Рот, Германија е единствената земја од големите членки на ЕУ, која е ангажирана да се прошири Унијата, што сепак, не е доволно да се смири разочарувањето кое се шири низ регионот на Западниот Балкан, посочи вчера професорот по меѓународни односи на Универзитетот во Бостон и поранешен црногорски амбасадор во НАТО и ОБСЕ, Веско Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле .

Некои членки на ЕУ, како Бугарија, според професорот Гарчевиќ, иако имаат проблем со сопствениот имиџ, ја користат сегашната ситуација во Унијата своите билатерални или подобро речено внатрешнополитички прашања, да ги претвораат во проблем со кој треба да се занимава Брисел.

„Во актуелната ситуација во Унијата, блокадата на која одеднаш инсистира Софија им одговара на оние кои не сакаат проширување во догледна иднина, да не кажеме никогаш. Така, прашањата на периферијата на Унијата, како што се идентитетски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија стануваат добра причина за да се забави процесот на приближување кон ЕУ, иако земјата-кандидат, во случајов Северна Македонија, ги исполни сите обврски во овој момент. Слично искуство има и Косово со визната либерализација“, наведува Гарчевиќ во анализа за Дојче Веле.

Така, тој смета дека регионот е заборавен од мношството други теми со кои се занимава ЕУ, а потоа последиците се сериозни и за самата ЕУ, наспрема регионот.

„За САД прашањето за Балканот е пред се прашање на безбедноста и односите со европските сојузници од НАТО. – Треба да се биде реален. САД не можат да ја заменат ЕУ на Западниот Балкан. Сепак, Вашингтон би можел да биде корективен фактор на политиката на Брисел, што би можело да биде добро за Северна Македонија, Црна Гора и особено за Босна и Херцеговина“, наведува професорот Гарчевиќ.

Слични содржини