Британската кралица успешно ја убедила владата да смени нацрт-закон и со тоа да го скрие своето приватно богатство од јавноста.
Британски „Гардијан“ објави дека приватниот адвокат на кралицата Елизабета извршил притисок врз министрите да сменат закон и со тоа да се скрие од јавноста во кои компании има удел кралицата.
По интервенцијата на кралицата, владата вметна клаузула во законот со кој им се дозволува на компаниите што ги користат „шефови на држави“ да бидат изземени од мерките за транспарентност.
Договорот беше постигнат во 1973 година и беше искористен за создавање „шел“ компанија чиј бизнис, удел и инвестиции на кралицата ќе се покриени со превез на тајност до 2011 година, иако и тогаш не беше откриено целосно колку е богата британската кралица, иако се проценува дека тоа е стотици милиони фунти.
Кралицата, пишува весникот, решила да го стори тоа затоа што сметала дека ќе биде „срамно“ јавноста да знае колку е богата.