Гарет загрижен за одлуката на Иванов, ќе треба појаснување

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет напиша порака на Фејсбук по одлуката за аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов.

DF0964AF4EBF0C4D9EAE0AA5D4487A5E

Денешната изјава на претседателот бара појаснување, смета тој.

„ Ако одлуката е да се аболираат политичарите се однесува на истрагите околу сомненијата содржани во прислушуваните разговори, тогаш тоа е предмет на сериозна загриженост. Целосната истрага на овие сомненија, и соодветен законски процес, се клучни елементи на договорот од Пржино. Како такви тие се централни на секое трајно решение на актуелната политичка криза“ – наведува амбасадорот.