Гарикс и U2 направија химна за ЕП 2020

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Познатиот холандски диџеј и продуцент Мартин Гарикс ги покани U2 за да снимат заедно официјална песна за ЕП 2020 (поради пандемијата оваа година), со наслов „We Are The People We’ve Been Waiting For“.

Песната „Ние сме луѓето што ги чекавме“ ќе биде официјално претставена на 14 мај пред почетокот на Европското првенство во фудбал што ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули оваа година. Според „Сан“, Боно и Еџ овие денови се во Лондон да снимаат спот за песната заедно со Гарикс.

Извори блиски до музичкиот тим дознаваат дека Мартин Гарикс е голем љубител на фудбалот, поради што тој го сакал најголемото и најдоброто за свои соработници и затоа ја одбрал групата U2.

„Тој помина месеци работејќи на оваа песна за да ја направи совршена, и бидејќи Боно и Еџ се приклучија на работата, песната се покажа како совршена според него“, изјави извор близок до Гарикс.

Мартин Гарикс, наводно, добил понуда да направи химна за ЕП 2020 уште во октомври 2019 година, кога изјавил дека тоа е неверојатен дел за него. Како што е познато, Еропското беше одложено за 2021 година поради пандемијата на коронавирусите.

Слични содржини