Гас престана да истекува и од „Северен тек 1“

од Nikola Popovski
197 прегледи

Властите во Данска објавија дека гас престанал да истекува од гасоводот „Северен тек 1“, еден ден откако властите соопштија дека гасоводот „Северен тек 2“ престанал да истекува гас.

Компанијата ја информираше данската агенција за енергетика дека се чини дека сега е постигнат стабилен притисок на гасоводот „Северен тек 1“.

„Ова покажува дека истекувањето на гасот на двата цевководи сега заврши“, објави данската агенција на Твитер.

Данската агенција вчера објави дека природен гас престанал да истекува од гасоводот „Северен тек 2“.

Експлозиите во морето што ги оштетија гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ оваа недела предизвикаа истекување на метан во големи количини.

Данската поморска управа соопшти дека вечерта на 26 септември дошло до истекување на гас од Русија кај „Северен тек 2“. Набргу потоа е регистриран пад на притисокот во двата крака на гасоводот Северен тек 1.

Во меѓувреме, Шведската поморска управа забележа две истекувања на гас во ексклузивните економски зони на Данска и Шведска.

Слични содржини