Гаши и министерот за аџилак на Саудиска Арабија преговараа за директни летови од Скопје

од Milan1
23 прегледи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се сретна со Тавфиг Ф. Алрабија, министер за Хаџ и Умра на Саудиска Арабија.

„Разговаравме за интензивирање на политичката и парламентарната комуникација, при што констатиравме дека имаме простор за продлабочување на соработката преку билатерални договори, овозможување на директни авиолинии и формирање на пратеничка група за соработка со Средниот Исток и Арапскиот Залив. Остануваме посветени на проширување на комуникацијата на секое ниво“, се вели во соопштението од кабинетот на Гаши.

Слични содржини